Услугите и производите на Mozilla не смеете да ги користите:
- За нелегални активности или активности кои на друг начин ги прекршуваат законите
- За заканување, вознемирување или прекршување на правата на приватност на другите; за испраќање ненарачани комуникации или за прислушување, следење или менување комуникации што не се наменети за вас
- За прекршување на Упатствата за учество во заедницата на Mozilla (за повеќе информации, видете https://www.mozilla.org/about/governance/policies/participation/)
- За нанесување штета на корисниците, како на пример со користење вируси, шпионски или злонамерни софтвери, црвчиња, тројански коњи, временски бомби или други злонамерни кодови или инструкции
- За собирање информации со кои се открива личниот идентитет, вклучително, но без ограничување на имиња на сметки или адреси на е-пошта
- За вклучување во активности што можат да ги попречат или нарушат услугите или производите на Mozilla (или серверите и мрежите што се поврзани со услугите на Mozilla)
- За репродуцирање, дуплирање, копирање, продажба, тргување или препродажба на услугите или производите на Mozilla за какви било цели
- За прекршување на авторските права, трговските права или повреда на правата на интелектуална сопственост на други лица
- За поставување, преземање, пренесување, прикажување или давање пристап до содржина што е:
- Нелегална или пак промовира нелегални активности
- Несоодветна, како на пример непристојни или порнографски материјали, графички прикази на сексуалност или насилство, или пак слики на кои е прикажана експлоатација или повредување на деца
- За прекршување на чии било права, вклучително и правата на интелектуална сопственост или други сопственички права или пак права на приватност или публицитет
- Измамничка, лажна или дизајнирана за кражба на идентитет или за изведување друг вид кражба на идентитет
- Наменета за промовирање на коцкање
- Вклучува рекламирање или поттикнување нелегални или контролирани производи или услуги
- Деградира, заплашува, иницира насилство или охрабрува пристрасни активности против некого или некоја група врз база на возраст, пол, раса, етничка припадност, национално потекло, религија, сексуална ориентација, попреченост, религија, географска локација или друга заштитена категорија или содржина што претставува говор на омраза
- Погрешно наведува корисник да донесе одлука за купување
Овој список служи само за илустрација, што значи дека не е дефинитивен и дека може да се ажурира.
Mozilla го задржува правото да отстрани содржина или да суспендира корисник ако се сомнева дека ги прекршува овие услови или применливите услови за употреба на производ.